Заборавете на VR камерата од Google и IMAX во скоро време. Variety порталот дознава дека двете компании ја прекинале работата на 3D хардверот. IMAX единствено изјавиле дека “во моментов го паузираат развојот” на камерата додека ја разгледуваат пилот-програмата на VR theater (Google одби да коментира), но извор тврди дека Google целосно го откажал проектот кон крајот на 2017 година.

Откажувањето од овој проект можел да се насети кога ИМАКС споменал “конечна договорна исплата” за VR камерата во последната квартална заработка.

Но, се прашувате зошто одеднаш дошло до оваа промена? Најверојатно, причината треба да се бара кај Google, која реши да го промени својот фокус кон AR (Augmented Reality). Иако, компанијата не се откажа целосно од 3D видеографијата (таа го ангажирала персоналот од Lytro пред да се затвори), се чини дека AR нуди попримамлива перспектива. И тоа не е изненадувачки. Технологиите без слушалки како ARCore се многу попристапни и полесни за имплементација – Google може да достигне голем дел од својата корисничка база на Android, каде што само мал дел би можел да купи слушалки од Daydream или да оди во VR театар.