Huawei објави дека ќе ја прошири својата P30 серија телефони со нов модел, под името P30 Lite New Edition. Новиот смартфон ќе пристигне со зголемен капацитет на меморија, поголем простор за складирање и нова 32MP селфи камера. P30 Lite New Edition će koristiti Android 9 i EMUI 9.1 interfejs.
Надградбите за Huawei P30 Lite New Edition вклучуваат 32MP селфи камера, која има Super Selfie Night Mode, а овозможува креирање на исклучителни селфи снимки без оглед на условите и нивоата на осветлување на опкружувањето. Камерата е AI подобрена и вклучува осум препознавања на сцени. На задната страна на уредот се наоѓа надградениот 48MP Wide Angle сензор, 8MP ултраширок и 2MP bokeh сензор.
Телефонот има 6.15-инчен FullView дисплеј со 2312 x 1080p (FHD+) резолуција, како и 6GB RAM и 256GB простор за складирање. Кога е во прашање батеријата, новиот P30 Lite користи 3340mAh батерија со поддршка за 18W Quick Charge. Осмојадрениот Kirin 710 процесор обезбедува глатки операции и максимална ефикасност.
Huawei P30 Lite New Edition ќе биде достапен од 15. февруари во Велика Британија, по цена од 299 фунти.
Поврзани артикли