По примерот на iPhone, а претходно и Motorola, Google го исфрла приклучокот за слушалки кај новите модели Pixel 2 и Pixel XL 2. Негова замена ќе бидат отворот за полнење и Bluetooth опцијата. Вакви гласини слушнавме и претходно, па не би било чудно да се вистинити.

Уште претходно се појави нов сет на нацрти за Google Pixel 2 и Pixel 2 XL, заедно со видео клип, што ни даваат подобар увид во претстојните телефони. Приказите се базирани на фабрички, компјутерски додадени фотографии, како и гласините за димензиите на уредот што ги објави @OnLeaks.

Димензиите на телефонот би требало да изнесуваат 145,3 x 69,3 x 7,8mm за Pixel 2 и 157,6 x 76,3 x 7,9mm за Pixel 2 XL.

Доколку  Google  се одлучи новите Pixel 2 и Pixel 2 XL телефони да ги претстави во периодот кога беа претставени и нивните претходници, тогаш може да се очекува октомвриска објава на телефонот.