CES 2020: Diesel го претстави паметниот часовник Fadelite со WearOS

На годинашниот саем CES 2020 во Лас Вегас, Diesel ја претстави својата нова серија паметни часовници под името Fadelite. Часовникот се темели на оперативниот систем на Google, Wear OS и Snapdragon Wear 3100 чипот на Qualcomm.

Уредот има 512 MB RAM, NFC, GPS, мерач на отчукување на срцето и Google Assistant. Часовникот со 43-милиметарско куќиште е идентично погоден и за жените и за мажите и го одликуваат живи градиент бои.

Можно е да се избере помеѓу моделот кој се прелева од црвена во црна боја, модел што се прелева од црна до проѕирна, потоа модел со бои од сина до проѕирна и целосно проѕирен модел.

Серијата на паметни часовници Fidelite на Diesel стигнува во продажба во март со цена од 275 американски долари.