На компанијата Apple неодамна и е одобрен патент, кој опишува “реверзибилни” слушалки. Идејата на компанијата е да се го реши проблемот со кој често се соочуваат корисниците – ставање на десната слушалка на левото уво и обратно.

Патентот на Apple сугерира дека слушалките ќе бидат во состојба да детектираат во кое уво слушалката испорачува звук. Ова ќе биде овозможено преку сплет микрофони – кога левата слушалка ќе се стави на десното име, првиот микрофон ќе биде лоциран далеку од устата на корисникот. Кога слушалките се носат коректно, вториот микрофон ќе биде лоциран блиску до устата на корисникот.

Технологијата на Apple би можела да биде од помош одвреме навреме, а посебно доколку е евтина за имплементација. Како и секогаш, постоењето на патент не е гаранција дека опишаната технологија ќе биде преточена во вистински производ или сервис. Во овој момент, можно е само да шпекулираме.