Европската вселенска агенција во јуни 2019. година тестираше уред кој би требало да помогне при евакуација на астронаутите од површината на Месечината, што укажува на тоа дека идните мисии во вселената не се само фантазија, туку стратегии кои се размислуваат до детали.

Уредот го доби името Lunar Evacuation System Assembly и е во облик на пирамида, со која може да управува само еден човек. Така само еден астронаут ќе биде во можност на безбедно да го одведе својот колега, а уредот потсетува на мобилни носила што се движат како помал автомобил. Се истакнува дека вселенските носила се важни поради тоа што астронаутите, кои ќе се најдат надвор од леталото, не можат да понесат некој поголем товар, а поради тешката опрема која сама по себе го отежнува движењето.

Носилата се веќе тестирани 19 метри под површината на водата, а ова не е прв модел кој ги минува тестовите, бидејќи уште во 2017. година се работело на сличен прототип.