Кинеската компанија Huawei, покрај актуелното претставување на новата премиум линија P20, и„Porsche Design Mate RS, размислува и за корисниците кои не можат да си дозволат, или едноставно, не сакаат да користат смартфон од високата класа.

Поради овие причини, Huawei го претстави Y7 Prime 201“, подостапен модел наменет за помладите.

Како и другите модели кои ја имаат ознаката 2018 во името, Y7 Prime 2018 има однос на страните на екранот 18:9 и е опремен со дисплеј со дијагонала од 5.99 инчи, како и резолуција од 1440 x 720 пиксели.

Новиот Y7 има две задни камери со примарен сензор од 13MP и секундарен сензор од 2MP, кој е наменет за „bokeh“ ефекти. Предната камера на телефонот има сензор од 8MP.

Уредот користи процесор Qualcomm Snapdragon 430 SoC, опремен е со 3GB RAM меморија и 32GB простор за чување на податоци, кој може да се прошири.

Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа на задната страна на уредот. Тој има три слота за картички, па може да користи две SIM и една microSD картичка во исто време.

Y7 Prime 2018 го користи оперативниот систем Android 8.0 Oreo и корисничкиот интерфејс EMUI 8.0, додека енергија добива од батеријата од 3.000mAh.

Телефонот ќе биде достапен во црна, сина и златна верзија, но цената се уште не е објавена.

Извор: B92.net