Кинескиот произведувач на дронови EHang за првпат демонстрираше автономно летечко такси во САД.

Станува збор за целосно електрично летало кое во лет мина 5 минути над патеката за тестирање во Северна Каролина. Тестирањето го набљудуваа стотина луѓе, меѓу нив и гувернерот Рој Купер.

Ова е прв пат кинеската компанија да добие дозвола за лет од Американската федерална администрација за авијација.

EHang 216 на однапред испланираната рута леташе со брзина до 130 км/ч. Леталото е тешко околу 270 кг и може да подигне товар со толкава тежина. Сè уште проектот е во рана фаза, а примарно сега се користи за панорамско разгледување.

Компанијата тврди дека досега има извршено повеќе од 2.000 тестирања во Кина, Австрија, Холандија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Во EHang се уверени дека летечките автомобили ќе станат одржлив начин на транспорт во градовите.

Извор: Klix.ba