Компанијата Realme овие денови го претстави очекуваниот Realme X50 телефон, кој дебитираше на пазарот во Кина. Во текот на објавата, компанијата претстави три различни модели, со меморија и складирање во варијанти од 8GB + 128GB, 6GB + 256GB и 12GB + 256GB.
Меѓутоа, изгледа дека би можела да постои уште поевтина варијанта на телефонот, која има 6GB RAM и 64GB простор за складирање податоци. Овој уред е забележан на официјалниот TENAA листинг.
Ова не претставува изненадување, со оглед на тоа што главниот конкурент на Realme X50 моделот, Redmi K30 5G, исто така, има 6GB + 64GB модел, кој се нуди по подостапна цена.
Realme, во меѓувреме, објави дека во распродаде Realme X50 телефонот во текот на првата брзинска продажба во Кина. Следната рунда на продажба на телефонот е закажана за 9. јануари, кога исто така се очекува голема побарувачка за уредот.