Intel го претстави Tiger Lake семејството мобилни процесори, кои покрај AI акцелераторот и интегрираната Xe графика, има и Thunderbolt 4 поддршка. Во прашање е најновата верзија на екстерниот конектор на Intel.
Необично е дека новиот стандард изгледа нема да биде побрз од Thunderbolt 3. Деталите се штури, но Intel истакнува дека е четири пати побрз од USB 3.1 (10Gbps), што значи дека нуди максимални 40Gbps (иста брзина како и Thunderbolt 3).
Новиот Thunderbolt стандард користи ист конектор како и USB-C, со кој е компатибилен. Не е познато дали новиот стандард е заснован на PCIe 4.0 или не (Thunderbolt 3 користи PCIe 3.0), ниту кои предности би можел да ги донесе. Овие детали ќе бидат објавени подоцна.
Споменатите Tiger Lake чипови се креирани во 10nm+ процес, а првите лаптопи кои ќе го користат ќе се појават подоцна во текот на годината.
Поврзани артикли