OnePlus официјално го прикажа својот Concept One. Проектот беше навестен нешто претходно, а се сугерираше дека во прашање е производ кој го дели заедничкиот бренд со McLaren и има камера која исчезнува. Главна карактеристика на концептот е токму камерата која станува невидлива зад стаклото.
Самиот хардвер на телефонот е сличен на OnePlus 7T Pro моделот, а ова го вклучува и распоредот на копчињата, камерата и pop-up селфи сензорите. Concept One дизајнот ја користи препознатливата Papaya Orange боја на компанијата McLaren.
Камерата која исчезнува зад стаклото, што служи како заштита е главна одлика на концептот. Механизмот е креиран благодарение на електрохромското стакло, кое може да стане непроѕирно кога на него се примени струја. Камера сензорите на задниот дел се скриени, додека камерата не се активира – префрлањето помеѓу непроѕирната и проѕирната состојба трае само 0,7 секунди.
Електрохромското стакло функционира и како ND филтер за камерите. Во текот на фотографирањето, овие филтри го блокираат светлото кое би било пресилно и би ја оневозможило камерата да снима, така што филтерот ги нивелира сенките и одсјајот за да се снимат што повеќе детали.
Не се очекува дека „невидливата камера“ на компанијата OnePlus ќе биде достапна во премиум телефоните во некое поскоро време, но секако се работи за интересно решение за камерите на паметните телефони.
Поврзани артикли