Програмер со многу слободно време одлучил да создаде детална листа на најлошите апликации кои можете да ги симнете од Google Play.

Неговата цел е на јавноста да и ги претстави апликациите кои се направени за да извлекуваат информации од корисниците или едноставно да ги затрпаат со реклами и потсетници.

Планот бил да се создаде листа на која се наоѓаат апликации кои ја кршат довербата и приватноста на своите корисници. Колекцијата содржи многу познати апликации, а кај секоја има краток опис кој ги објаснува правилата што се прекршени. Програмерот исто така дава предлози за други апликации кои имаат иста намена како споменатите, но не ја злоупотребуваат довербата на корисниците.

На веб страницата се наоѓа и формулар со кој можете да се пријавите и вие самите да дадете придонес во збогатувањето на оваа црна листа на апликации. Целосната листа можете да ја погледнете овде.

Извор: TheNextWeb