Хибридните часовници на Fossil гo комбинираат најдоброто од двата света. Имаат стрелки што сите ги сакаме, но и always on дисплеј, за да останеме информирани за сè што се случува околу нас. Почетната цена на часовникот изнесува 195 долари, а се работи за уред што може да ги прикаже сите информации на кои сте навикнати од паметен часовник – следење на активноста, информации за времето и вести од апликациите – трошејќи само малку батерија која трае околу две недели.

Претходно во септември, се појави веста дека ова се часовници за кои Google во одреден момент платил 40 милиони долари, но раководството на Fossil ги отфрла наводите дека оваа инвестиција има врска со овие часовници.

Во однос на физичките елементи, овој часовник не е како другите паметни часовници, но има можност да ви ги покаже сите релевантни информации. Може да го користите и за да управувате со контролите на музичкиот плеер, да остварувате повици од вашиот телефон, а батеријата од 55 mAh може да наполни до 100 проценти за 60 минути. Сепак, нема GPS, ниту можност за плаќање со Google Pay услугата.