Речиси три години по почетокот на продажбата, Nintendo е конечно подготвен на пазарот да пласира официјално пенкалце за својата популарна рачна конзола Switch.
Пенкалото чини околу 9 долари, а продажбата ќе почне на 3. февруари. Ќе биде компатибилна со игрите како што се “Dr. Kawashima’s Brain Training” и “Super Mario Maker 2”, но нема да биде функционална кога конзолата ќе биде сместена во dock.
Претходните конзоли на Nintendo како што се Nintendo 3DS и Wii U имаа сопствено пенкалце, кое доаѓаше во пакувањето. Иако Switch одлично работи без пенкало, некои игри како што е „Super Mario Maker“ е полесно да се играат со корситење на стајлус кога конзолата се држи во раце.
Играчите кои сакаат малку повеќе прецизност мораат да бараат некои алтернативи, кои ги има навистина многу. Се е подобро од тоа да ги користите само прстите.