Mинистерството за одбрана на Русија разви систем за прогнозирање, кој благодарение на базата на податоци, може да ги предвиди времето и местото на почеток на вооружен конфликт во светот.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу открива како функционира целиот систем, а како пример го употреби вооружениот конфликт во Југославија.
– Ако во базата ги внесеме сите податоци за акциите на групите во Југославија (кога се случило, бројот на бродови, носачи, рекети, во кој дел од денот се случило, како се одвивало), тогаш како „будилник“ ќе заѕвони и ќе извести: „Постои слична ситуација во тој и тој дел од светот, бидејќи станува збор за ист број бродови, носачи на авиони, авијација, носачи на крстосувачки ракети, оружје со голема прецизност“. Така, постои голема веројатност во тој дел од светот да се случи истото што се случи и во Југославија – изјави Шојгу.
Според неговите зборови, не станува збор само за прогноза, туку за модел што обезбедува механизам за реагирање во вакви ситуации.
– Се изработува модел кој не само што ќе ги одредува ваквите „жаришта“ во светот туку и ќе развива механизми за одговор, земајќи ги предвид грешките направени претходно за да не ги повториме сега – објаснува министерот и додава дека руското министерство за одбрана има технички можности што ќе овозможат собирање и систематизирање на потребните податоци и информации.
Извор: Sputniknews