Научниците ширум светот се во потрага по лек или вакцина против коронавирусот, и има сè повеќе откритија кои што претставуваат чекор понапред до целта.

Откако научниците во Франкфурт ја открија слабата точка на вирусот, а американските и белгиските научници успеаа да направат антитела кои што штитат од Ковид-19, истражувачите од римската компанија „Takis Biotech“, соопштија уште една добра вест.

Тие тврдат дека создале антитела кои што би можеле да спасат илјадници животи ширум светот, а по тестирањата направени на глувци, планираат својата вакцина оваа година да ја тестираат на луѓето.

Италијанските научници тврдат дека ја откриле потребната вакцина која што го неутрализира коронавирусот.

„Се очекува тестирањето на луѓето да започне наесен“ – велат научниците.

„Колку што ни е познато, ние сме првите во светот кои што успеавме да демонстрираме неутрализација на вирусот со вакцина“ – вели Луиџи Аурисикио од компанијата.

Иако научниците ширум светот се обидуваат да ја пронајдат вакцината, Аурисикио вели дека ова ‘не е натпревар’.

„Доколку ги соединиме нашите сили и вештини, заедно можеме да го победиме коронавирусот“.

Инаку, италијанските научници досега во глувците ставиле генетски код, и велат дека резултатите се охрабрувачки. Потенцијалната вакцина довела до ‘моќен одговор од антителата’ по само 14 дена, соопштиле научниците.

Извор: Mondo.rs