Со крајот на 2019 година станавме малку носталгични, а за носталгијата можеме да го обвиниме фактот што за геџет на годината е избран Nintendo Switch Lite кој се појави во септември и нè потсети на некои дамнешни времиња кога игравме игри во движење на преносните уреди.

Додека сè поголемо внимание на корисниците во светот привлекуваат паметните телефони, многу е корисно покрај себе да имате и уред кој е наменет само за играње на игри. Тој се појави во многу различни бои и за разлика од својот претходник, Nintendo Switch не треба да се поврзува со телевизор туку е мобилен што значи дека можете да го користите било каде, пренесува CNN.

Новата Lite верзија е помала, полесна и поевтина. Цената изнесува околу 200 американски долари, а на овој геџет можете да ги играте речиси сите игри како на старата верзија.

Switch е најдобро продаван во 2019 година и е единствената платформа која покажува раст од година во година. Само во текот на неделата кога се слави американскиот Ден на благодарноста биле продадени околу 830.000 парчиња Nintendo Switch и Nintendo Switch Lite во САД.

Тоа било недела во која се остварила најголемата продажба во историјата на Nintendo Switch кој беше лансиран во 2017 година.

Извор: B92.net