LG и Samsung продолжуваат да го одржуваат жестокото ривалство во бројните сегменти на пазарот, што не претставува изненадување, бидејќи двете компании се од Јужна Кореја и се натпреваруваат во речиси истите сегменти на индустријата. Поради тоа, претставува мало изненадување што по објавата на Samsung на Galaxy Fold, LG не одговори со сопствен сличен уред.
Наместо тоа, LG се одлучи за објава на LG G8x ThinQ моделот, кој има опционален дисплеј што се одвојува и кој уредот го претвора во еден вид склоплив теелфон. Не се работи за истата технологија илои дури и вид на телефон, но ова би можело да се промени во иднина. Тоа го сугерира новооткриениот патент, кој ни го донесува сајтот LetsGoDigital.
Публикацијата укажува дека LG работи на куќиште за телефон кое пристигнува со флексибилен дисплеј, како што може да се види и на фотографиите. Телефонот ќе биде сместен во куќиште, додека флексибилниот екран ќе се обвиткува околу надворешниот дел на футролата.
Постојат уште неколку предности на ваквиот дизајн. Една од нив е дека доколку куќиштето/футролата некогаш се оштети, корисникот може едноставно да ја замени. Исто така, ова на корисникот му дава на опција да не го користи флексибилниот дисплеј доколку не сака.
Поврзани артикли