Неодамна на Twitter дојавувачот Ice Universe објави информација дека следниот премиум телефон на Samsung ќе го носи името Galaxy S20, а не Galaxy S11. Ice Universe сега ја потврди оваа информација.
Преименувањето на линијата има смисла, бидејќи 2020. година означува почеток на нова деценија и нејзиното обележување со новата Galaxy S20 линија ќе ја издвои наредната премиум серија на Samsung, посебно кога ќе се спореди со Galaxy S10.
Yes?
— Ice universe (@UniverseIce) December 31, 2019
Се очекува дека Samsung со Galaxy S20 линијата телефони ќе го понуди најдоброто што го има во моментов. Се верува дека ќе постојат барем три различни уреди, а најверојатно и четири. Телефоните ќе користат Exynos 990 чипсет на некои пазари и Snapdragon 865 процесор на некои пазари, ќе имаат поголеми батерии од своите претходници, а ќе бидат официјализирани на 11. февруари. Новите смартфони би требало да се најдат во продажба една недела подоцна, на 18. февруари.
Galaxy S20 и Galaxy S20+ би требало да имаат систем со четири камери на задната страна, со 108MP главен сензор кој овозможува 12MP фотографии. Тука се ио телефото камерите (со 48MP сензор) и ултраширока камера. Кога е во прашање екранот, Samsung ќе имплементира стапка на освежување од 120Hz.
Во одвоен твит, Ice Universe сугерира три модели за премиум линијата на Samsung за оваа година: Galaxy S20, S20+ и најсилниот премиум модел. Според неговите сознанија, нема да постои S20e, туку наместо него основниот модел ќе биде S20, потоа следува S20+ и на крајот S20 Ultra. Сепак, во овој момент е можно S20 Ultra да не биде конечното име на телефонот.
Поврзани артикли