Според најавите на операторите, комуникациската 5Г мрежа ќе овозможи масовно интернет вмрежување и целосна трансформација на животот и работата на луѓето во „паметното“ дигитално општество.

Иако комерцијалната употреба на светско ниво би требало да отпочне 2020 година, некои технолошки гиганти, како Т-Мобајл, Водафон и кинескиот и корејскиот Телеком, веќе ја тестираат 5Г технологијата. За одреден број луѓе таа е веќе достапна.

Така, на Твитер се појави тест на брзината на 5Г на новиот „Самсунг Галакси С10“, а снимката стана хит на интернет. Брзината на пренос на податоци од 1.098 мегабајти во секунда, за многумина изгледа просто неверојатно.