Google откри кои се најчесто преземаните апликации, филмови, ТВ серии и книги на Play Store во текот на годината која изминува. Меѓутоа, со Call of Duty и Marvel, кои водат на листите, се чини дека нема многу изненадувања оваа година.
Корисниците на Google Play гласаа за своите омилени преземања во секоја категорија. Call of Duty: Mobile е рангирана како најдобра игра, а GlitchCam, која додава ефект во видео записите во стилот на 90-те години, е прогласена за најдобра апликација. Avengers: Endgame е омилениот филм, а Scary Stories to Tell in the Dark е омилена книга на корисниците.
Уредниците на онлајн продавницата за Android ја избраа Ablo како најдобра апликација на годината. Ablo им помага на корисниците да ги истражат странските култури и ги поврзува со луѓето и покрај јазичната бариера, а апликацијата автоматски генерира титлови додека воспоставувате видео чет со луѓето ширум светот.
Не изненадува дека четири од пет најпродавани филмови во годината се за суперхерои, а Game of Thrones е најбарана ТВ серија. Најчитаните е-книги ги вклучуваа насловите на Џејмс А. Кори и Стивен Кинг. Најбараните аудиокниги ги вклучуваа и The Subtle Art of Not Giving a F*ck на Марк Менсон и Unfu*k Yourself: Get Out of Your Head and into Your Life на Гери Џон Бишоп.
Целосната листа можете да ја погледнете на блогот на Google. На листата можеби ќе пронајдете неколку ставки за кои не сте слушнале или кои не се вредни за преземање. Во меѓувреме, ако сте корисник на Apple, погледнете ги најдобрите и најпопуларни апликации на iOS и macOS кои ги објави компанијата.