Кога почна новиот милениум, а кога влегуваме во новата деценија? Дали треба да чекаме уште 366 дена?

Обично се расправаме околу политика, религија, историја или спорт, но сега пред истекот на годината се отворија дискусии околу еден математички проблем.

Деновиве на социјалните мрежи владее недоразбирање дали на 1 јануари ќе влеземе во третата деценија од 21. век.

Многумина се убедени дека почетокот на новата деценија е кога ќе се промени цифрата 19 во 20 како сега, со почетокот на 2020 година, но науката вели дека нема простор за дискусија.

„Многу е лесно да се одговори. Третата деценија на 21. век не почнува сега, туку на 1 јануари, 2020 година и ќе трае до 31 декември, 2030 година. Само запамтете, нема нулта година и нулти век“, објаснува астрофизичарот Слободан Нинковиќ од Астрономската опсерваторија во Белград.

Сепак, не се сите целосно согласни со ова. Дебатата „гори“ во Кралскиот музеј во Гринич од каде велат дека немаат официјален став по ова прашање, а Милан Милошевиќ, уредник на сајтот Svetnauke.org вели дека „календарот е така дефиниран и само треба да се избројат годините“.

Како што е јануари прв месец, а не нулти, така и првата година е број еден.

Ако ви е ова многу комплицирано, сетете се на основно училиште, на прво или второ одделение, вели Милошевиќ.

„Тогаш не знаевте за нула и убави ги разбиравте броевите. Броевите до десет ги броевте на прсти, од 1 до 10. Броевите од следната десетка од 11 до 20 и така натаму“, објаснува тој.

Така, наспроти општото мислење, а и еуфорија што се рашири низ целиот свет, третиот милениум почна дури во 2001 година. Вториот милениум почна на 1 јануари 1001 година, траеше полни 1.000 години, а заврши на 31 декември, 2000 година.

Извор: B92.net