Од самиот почеток во 1969. година, еден од основачите на Samsung, Lee Byung-chul, цврсто верувал дека компанијата ќе заземе посебно место во историјата на технологијата, нешто за коешто сведочи самиот избор на името, кој на корејски значи „три ѕвезди“ (sam – три и sung – ѕвезда). Зборот “три“ претставува нешто големо, бројно и моќно, додека зборот “ѕвезда“ е симбол на вечноста.

И навистина, во текот на 50. години од своето постоење, Samsung имала големо влијание во светот на дигиталните технологии, константно менувајќи го разбирањето за поимот практичност, а со цел надградување на ефикасноста на своите уреди.

Некои од најуникатните и најиновативни производи на оваа компанија биле први по многу нешта во светот – само да се потсетиме на Galaxy Note, кога се појави, се сметаше дека е преголем за тоа време, а покасно стана еден од најбараните паметни телефони во светот. Тоа е доказ дека Samsung отсекогаш ги диктирал новите трендови и создавал иднина во доменот на мобилната технологија.

Покрај тоа, Galaxy S серијата, која го достигна самиот врв пред 10 години, денес е синоним за најдобрите паметни уреди во светот. Исто така, Samsung оваа година ја создаде и првата тројна ротирачка камера со 48 мегапиксели, во склоп на најновата Galaxy A серија, со што ги подмести границите на мобилната фотографија.

Меѓутоа, компанијата Samsung не ја промени иднината само на мобилната индустрија, туку даде значаен придонес во еволуцијата на ТВ уредите. Благодарение на технолошките иновации, како QLED екранот, 8К резолуцијата и технологијата базирана на вештачка интелигенција, Samsung донесе сосема нова димензија на класичното гледање на телевизија. Сликата со совршена острина и нивото на детали им овозможи на корисниците да уживаат во кино искуството при гледањето на омилените серии и филмови во удобноста на сопствениот дом.