Протечените рендери за Samsung Galaxy S10 Lite, кој се очекува во текот на CES 2020 саемот веќе го открија дизајнот на уредот, а сега имаме корисничко упатстви за телефонот кој ги потврдува информациите кои се појавија претходно.
Корисничкото упатство вклучува само скици на Galaxy S10 Lite моделот, но тие потврдуваат дека телефонот ќе има екран со punch-hole отвор во центарот и сензор за отпечатоци од прсти под екранот.
На задната страна се наоѓа правоаголен камера модул, каде се сместени три камери во вертикална положба, како и LED блицот.
Samsung се уште не го најави Galaxy S10 Lite, но гласините сугерираат дека телефонот ќе има Snapdragon 855 SoC, ао 8GB RAM, 128GB простор за складирање и Android 10 оперативен систем.
Покрај тоа, се очекуваат и 6,7-инчен FHD+ 20:9 Super AMOLED дисплеј, 4500mAh батерија со поддршка за 45W брзо полнење. Кога се во прашање камерите, од предната камера се очекува 32MP сензор, додека на задниот дел ќе се најде 48MP главна камера, 12MP ултраширока и 5MP макро сензор.