Американскиот технолошки гигант Google објави значителна промена во тоа како ги рангира веб-сајтовите при мобилно пребарување. Компанијата сега ќе ја смета брзината на страницата како еден од нејзините параметри, велат од компанијата. Промената која Google ја нарекува „Надградба на брзината“, ќе влезе во сила во јули 2018 година и ќе ги рангира надолу во пребарувањата многу бавните веб-сајтови, под одредени услови.

Сепак, промената нема да биде толку драстична, ако таа е единствениот фактор. Ќе има моменти во кои бавните страници сепак ќе бидат рангирани високо – на пример, кога имаат најсоодветни содржини поврзани со предметното пребарување, на пример.

Google вели дека ажурирањето ќе влијае само на страници кои „испорачуваат најбавно корисничко искуство“ и ова само ќе влијае на мал дел од барањата.

Во февруари 2016 година резултатите од пребарувањето почнаа да ги нагласуваат сајтовите со AMP (страници кои ја користат технологијата за забрзана мобилна страница, за да го забрзаат претставувањето кај мобилните уреди), а потоа – во април 2016 година ги смести AMP страниците на повидливи позиции во Google News.