Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека во светот владее специфична ситуација: никој освен Русија нема хиперсонично оружје.

„Во моментов владее единствена ситуација во нашата нова и најнова историја: другите се обидуваат да нè стигнат. Ниту една земја денес нема хиперсонично оружје, а камоли интерконтинентално хиперсонично оружје“, рече Путин во вторникот, 24 декември, на проширената седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Тој истакна дека во состав на руската армија веќе се наоѓаат хиперсоничните системи „Кинжал“, системите „Пересвет“, и дека почнало опремувањето на првиот полк со хиперсоничниот интерконтинентален систем „Авангард“. Работата над ракетите „Сармат“ и „Циркон“ тече според планот, како и работата над крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревесник”.

Извор: Russia Beyond