Сериозната габична инфекција откриена е кај некои пациенти заразени со коронавирусот во индиски Ахмедабад,но и кај оние кои неодамна закрепнале од Ковид-19, а смртноста од оваа инфекција е 50 проценти. 

Според пишувањето на „Times of India“, офталмологот Парт Рана рекол дека се откриени пет случаи на оваа инфекција кај пациентите, а наведено е дека станува збор за мукромикоза – ретка, но опасна габична инфекција, која се пренесува преку воздух и кожа.

Мукормикозата во главно погодува луѓе кои земаат лекови кои ја намалуваат отпорноста на организмот да се бори против патогени и смртноста е околу 50 проценти.

Симптомите вклучуваат течење и крварење на нос, болки во стомакот, неможност за движење на очните јаболкници и проблеми со белите дробови.

Двајца пациенти веќе починале, додека двајца го загубиле видот, а петтиот пациент е во критична состојба.

Пред коронавирусот, а мукормикозата биле потребно 15 до 30 дена инкубација, но по појавата на Ковид-19, инкубацијата трае два до три дена.

Инфектологот Атул Пател, кој претходно предупредувал дека постои опасност од сериозни инфекции по коронавирусот, рекол дека Индијците досега регистрирале 19 случаи на мукормикоза меѓу пациенти кои закрепнале од Ковид-19 минатите три месеци.

Извор: B92.net