Кинеската компанија Realme веќе некое време најавува 5G смартфон, а компанијата сега конечно објави коннкретен датум за лансирање на уредот. Според официјалното соопштение на страниците на Weibo, Realme X50 5G ќе биде претставен на 7 јануари во Кина. Компанијата веќе објави некои официјални спецификации на уредот, вклучувајќи го неговиот процесор, опцијата за полнење и друго.
Потврдено е дека Realme X50 5G ќе има Qualcomm Snapdragon 765G процесор, кој пристигнува со интегриран 5G модем и истовремено поддржува 5G и WiFi конекции. Телефонот ќе има и подобрена верзија на VOOC 4.0 технологијата за брзо полнење, која овозможува батеријата од 4000mAh да се наполни до 70 проценти за 30 минути. Покрај тоа, Realme X50 5G доаѓа со систем за ладење кој нуди 100% покриеност на изворот на загревање.
Според гласините, Realme X50 5G ќе користи 6,6-инчен LCD екран со стапка на освежување од 90Hz. На задната страна ќе има главна камераод 64MP (сензор Sony IMX686), како и двојна селфи камера со главен сензор од 32 MP.