Мистериозниот производ наречен Neon го привлекува вниманието во пресрет на CES 2020 – водечкиот саем за потрошувачка електроника, што се одржува традиционално во јануари во Лас Вегас.
Овој нов производ веројатно ќе биде промовиран од јужнокорејскиот гигант Samsung, кој има регистрирано страници на Neon на најголемите социјални мрежи, вклучувајќи ги Instagram, Facebook и Twitter.
Let the future begin. #NEON @neondotlife @CES 2020. https://t.co/e1sbDE9Tfu
— Pranav Mistry (@pranavmistry) December 20, 2019
Се шпекулира дека проектот е воден од Пранав Мистри, познат по тоа што развива компјутер, способен да препознава гестови и гласови на корисниците. Самиот тој потврдува дека во последно време работи на нешто неверојатно.
Според некои извори, под името Neon се крие сосема нова вештачка интелигенција која ќе ја револуционизира индустријата. Сепак, набудувачите на пазарот се надеваат дека Neon нема да ја повторува историјата на апликацијата Bixby AI.
Have you ever met an 'ARTIFICIAL'?#NEON pic.twitter.com/f2bWBibI38
— NEON (@neondotlife) December 21, 2019
Познатиот дојавувач Ice Universe, кој често споделува исклучително вредни информации за најновите случувања во мобилната индустрија, тврди дека Neon ја претвора научната фантастика во реалност и ги има сите шанси да привлече најголемо внимание на CES 2020.
Поврзани артикли