Уредот „ELVIS” овозможува на мозокот да му се „приклучи“ камера и сликата да се испраќа директно нему, без помош на очите. Оваа технологија веќе до 2027 година ќе им го врати видот на 37 милиони слепи лица ширум светот.

Руски експерти од лабораторијата „Сензор-Тех“ и Фондот за поддршка на слепоглуви „Соединение“ го направија првиот невролошки имплант во земјата кој е вградува во мозокот и на оние што не можеле да гледаат им ја враќа таа способност. Апаратот беше претставен кон крајот на јуни во иновативниот центар „Сколково“.

Уредот го доби името „ELVIS” (скратено од electronic vision). Однадвор, изгледа како рајф од „Cyberpunk 2077“ или „Војна на ѕвездите: Старата република“, кој се става на главата и зајакнува нечии способности.

Всушност, токму тоа се случува и во реалноста: хирурзите во кората на големиот мозок на човекот му вградуваат специјален невролошки имплант и го поврзуваат со електрони со деловите на мозокот задолжени за видот. По неколку месеци закрепнување, човекот добива рајф со камера што ја става на главата и која ја пренесува сликата на околината директно до мозокот, заобиколувајќи го окото. Имплантот може да им го врати видот како на луѓето кои се слепи од раѓање, така и на оние кои го изгубиле видот во несреќен случај.

Имплантот мора да се менува еднаш во десет години, а може да го добијат лица од 24 до 65 години. Нема да им се вградува на деца. Според научниците, за вградување на имплантот е потребен возрасен, целосно формиран мозок.

Извор: Russia Beyond