Министерството за одбрана на САД бара американските технолошки компании да ги здружат напорите за создавање програма за 5Г мрежи со отворен код и со тоа да создадат алтернатива на кинеската компанија „Хуавеј“, изјави Лиза Портер, раководител на одделот за истражувања и разработки на Пентагон.
Технологија на отворени далечински мрежи ќе овозможи мобилните оператори да купуваат готова опрема од разни произведувачи, наместо да порачуваат цели системи од еден, како што работи „Хуавеј“.
Притоа, Портер истакна дека Владата разгледува можност да се понуди помош и на странските конкуренти на „Хуавеј“, како „Нокиа“, „Самсунг“ и „Ериксон“.
Кинеската телекомуникациска корпорација од мај годинава е под санкции на САД. Штетите од санкциите досега компанијата ги оцени на околу 10 милијарди долари.
Поврзани артикли