Освен со квалитетна храна, јапонски ресторан во градот Кјото гостите ги привлекува со иновативен начин на послужување.

Ако сте расположени за „ловење“  тестенини што пловат кон вас, тогаш овој ресторан е вистинското место за вас. Но, мора да бидете брзи и вешти, инаку тестенините ќе ви избегаат.

Домаќините им препорачуваат на гостите, пред да ги стават во омилениот сос, добро да ги истресат и да ја исцедат водата.