Околу 8,9 милиони луѓе во Европската Унија биле вработени во ИТ-секторот во 2018 година, покажуваат податоците на Евростат. Во оваа професија мажите биле доминантни. Од вкупниот број вработени во овој сектор, 17 отсто биле жени, што е околу 1,5 милиони.

Гледано поединечно по држави, најмал процент на жени во ИТ-секторот имало во Унгарија – девет отсто, па Чешка со 10 отсто и Грција со еден процент.

Најголем процент на жени во овој сектор има во Бугарија – 28 отсто и Романија – 24 отсто.