Најголемата македонска ИТ компанија „Анхоч“, свечено го отвори својот нов премиум салон, наречен Анхоч премиум, со локација во Скопје во склоп на комплекс Мида.
На отворањето, забележителен беше големиот интерес кај посетителите, кои дојдоа во огромен број и чекаа во редици и повеќе од еден час за да стигнат до омилените производи.
Веднаш можеше да се забележи многу современ дизајн и концепт во салонот, за кого од „Анхоч“ ветуваат дека ќе биде најголем и најснабден салон досега, единствен, поделен во таканаречени зони.
Гејминг зоната беше особено популарна кај помладата популација, во која можеше да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најпознатите светски брендови, додека за аудиофилите беше интересна аудио собата, каде во пријатен амбиент можеа директно да ја пробаат и почувствуваат моќта на аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи.
За пофалба е новитетот со автоматски електронски цени кои за прв пат во Македонија, „Анхоч“ ги воведува во својот Премиум салон, кои воедно се еколошки, на база на електронско мастило, не трошат струја, мастило и хартија. Тоа е нешто што се уште е реткост дури и во салоните во најразвиените земји.
„Анхоч“ во моментов е најголемата македонска ИТ компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема, присутна веќе 25 години на македонскиот пазар со 16 продажни локации и 140 вработени во сите поголеми градови низ Македонија.
(ПР текст)
Поврзани артикли