Развојот на технологиите за автоматизација и вештачка интелигенција ќе наметне на повеќе од 120 милиони луѓе во 12-те најголеми држави во светот да се преквалификуваат, според студијата на Институтот за бизни вредност (IBV), дел од IBM.
Според експертите, до 2030 година ќе недостигаат повеќе од 85 милиони вработени во светот со потребните вештини и знаења во контекст на масовно распоредување на паметните технологии, забележува ComputerWeekly.
Во меѓувреме, IBV презентираше и друга студија според која, во повеќето случаи, лидери на пазарот ќе бидат оние компании што обезбедиле сигурност и безбедност на податоците за клиентите, сопствените деловни процеси и екосистемот на партнерите.
Квантитативна и квалитативна анализа на резултатите од истражувањето покажува дека мал број на водечки компании (кои содржат едвај 9% од вкупниот број испитаници) разбираат дека транспарентноста, реципроцитетот и автентичноста се клучни за да се добие довербата на клучните засегнати страни.
Таквите компании користат податоци за да ја добијат довербата на клиентите, да создадат култура за одлучување управувано со податоци и ефикасно да разменуваат податоци со партнерите без да ја загрозат нивната конкурентност.
Поврзани артикли