Агенцијата NASA објави фотографија од мистериозен објект кој го нарече „2I/Borisov“, а го сними вселенскиот телескоп Хабл.

На фотографијата се гледа комета пред оддалечената спирална галаксија, пренесува Independent. Оваа фотографија, како што се наведува, прикажува комета на пат низ Сончевиот систем, додека се враќа назад во меѓуѕвездениот простор.

Кометата 2I/Borisov прв пат во август ја забележал кримски астроном аматер, според кого и го добила името. Тогаш предизвикала големо внимание ширум светот.

Научниците брзо утврдиле дека тоа е втор меѓуѕвезден објект за кој се знае дека го посетил нашиот сончев систем, по славната „Оумуамуа“, која била прва комета која влегла во нашиот соларен систем.

Оттогаш, научниците фотографираат комети што се приближуваат до Земјата за подобро да ја проучат. Првите снимки од Хабл дошле во октомври, а новите настанале во ноември и декември. Овие фотографии нудат подобар преглед на големината и другите детали од овој посетител.

Во моментот кога фотографијата е направена, објектот бил оддалечен на 326 милиони километри од Земјата.

„Хабл ни дава најдобра слика за нејзината, но и големината на самото јадро на оваа голема комета”, рече Дејвид Џевит, професор по планетарна наука и астрономија на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, чиј тим снимил најдобри и најостри слики од оваа меѓуѕвездена комета.

„Изненадувачки, нашите Хабл фотографии покажуваат дека јадрото на оваа комета е 15 пати помало од тоа што сугерираа претходните истражувања. Радиусот е помал од половина километар. Ова е важно бидејќи нашето знаење за големината помага да го одредиме вкупниот број и масата на таквите објекти во сончевиот систем и Млечниот пат. Борисов е првата позната меѓуѕвездена комета, а ние би сакале колку има други има”, заклучи овој професор.

Извор: B92.net