Британските геолошки центри и американските национални центри за информации за животна средина објавија ново ажурирање на светскиот магнетен модел со кое се потврдува дека магнетниот северен пол, чии координати се клучни за навигациониот систем кои ги користат владата, полицијата и повеќето цивилни апликации, продолжува да се поместува кон Сибир.
Претходно, оваа година Националната управа за океани и атмосфера САД и Британскиот геолошки завод биле приморани да го ажурираат светскиот магнетен модел, една година пред планираниот рок поради брзината со која магнетниот северен пол се поместува од канадскиот Арктик кон рускиот Сибир.
Светскиот магнетен модел се користи во многу области, од апликции за компас за паметните телефони, мапа и GPS услуги, до телекомуникациски преносни системи и навигациони алати за разни агенции, вклучувајќи ја и Сојузната управа за воздухопловство, НАСА, американското министерство за одбрана и НАТО.
Коментирајќи ги нивните податоци, геофизичарот Сириан Беган изјавил дека не само што движењето на полот е брзо туку дека е побрзо од претходните четири века. Кога полот го преминал меридијанот Гринич и продолжил со своето движење кон истокот, човештвото влегло во непознатото.
Научниците претходно изразиле загриженост поради поместувањето на магнетниот северен пол и неговото можно влијание на магнетното поле кое ја штити Земјата.
Без поле Земјата би била изложена на сончеви невремиња што би можело да нанесе голема штета од вселенските летала до електроенергетските мрежи.
Извор: Kurir.rs