Компанијата Samsung во август го претстави Galaxy Note 10, а новата верзија на овој модел за подготвува за пазарот.

Се работи за Galaxy Note10 Lite, чии рендери се појавија на интернет. Видливо е дека го задржа екранот со отвор во кок е сместена селфи камерата, а трите задни камери и блицот се сместени во модул, кој е во облик на правоаголник. Слични решенија имаат iPhone 11 на Apple и Pixel 4 на Google, додека камерите на Galaxy Note10 се поставени вертикално.

Рендерите покажуваат дека Note10 Lite ќе има и S Pen пенкалце и ќе продава црвен, црн и повеќебоен модел.

S Pen пенкалцето би можело да биде подобро од останатите, со оглед на тоа што Note10 Lite ќе поддржува Bluetooth 5.1, а тоа значи дека попрецизно ќе ја препознава позицијата на пенкалцето.

Со оглед на тоа дека се работи за Lite верзија, можно е дека новите уреди ќе бидат послаби од стандардниот Note10, но и поповолни, баш како што е случај со Galaxy S10E во однос на Galaxy S10.