Видеото го прикажува полетувањето на едно од најбрзите борбени летала на светот конструирани за време на СССР.
Благодарение на извонредните тактичко-технички способности, овој авион и денес е незаменлив во бројните задачи што се поставуваат пред Воздушно-космичките сили. Благодарение на интеграцијата на современиот напаѓачко-навигациски систем и вооружувањето од новата генерација, ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ е зголемена за речиси три пати во однос на претходната верзија МиГ-31.
Подобрениот погон, кој се состои од двопроточни турбомлазни мотори Д-30Ф6, овозможува авионот од скоро 46 тони да се доведе до границите на хиперсонична брзина (максималната брзина на Миг-31 изнесува 3000 км/час). Плафонот на летот е 20600 метри. Оперативниот опсег на авионот вооружен со четири ракети Р-37/Р-33 со два поткрилни резервоари со гориво изнесува 3000км. Авионот има способност да дополнува гориво во воздух (воздушен танкер).
Модернизираниот ловац-пресретнувач МиГ-31БМ (Foxhound според кодификацијата на НАТО) е наменет за пресретнување воздушни цели на големи дистанци кои според борбениот радиус се недостапни за класичните ловци. Борбените апарати од овој тип се способни да решаваат задачи во услови кои ги диктираат современите облици на управување со борбените дејствија, како што е мрежноцентричниот облик на комуникација со практично сите учесници во борбата.
МиГ-31БМ е опремен со радарска станица која има високочувствителна фазна антенска решетка (ФАР). „Заслон-М“ може да дофрли на оддалеченост и до 320 километри. Тоа се речиси 120 километри повеќе во однос на основната верзија на овој радар. Исто така, овој радар сега може да открие цел со големина на ловец на оддалеченост од 150, 200 и повеќе километри. Новиот офанзивно-навигациски систем овозможува истовремено следење на 24 цели, од кои компјутерот или операторот ги избира најопасните и го насочува огнот кон нив. Еден МиГ-31БМ сега може наместо четири да гаѓа и до осум различни цели. За овој авион е развиена и ракетата со голем дострел Р-37 која има оперативен дострел од дури 300+ километри. Оваа ракета нема апсолутно никаква конкуренција во светот (американската ракета воздух-воздух со најголем дострел AIM-47 „Falcon“ има максимален дострел од 210 километри).
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли