Android корисниците од територијата на САД добија изненадување во облик на Rich Communication Services или RCS протокол.
SMS пораките засекогаш го променија начинот на кој комуницираме, но изгледа дека веќе некое време не ги исполнуваат потребите на модерните корисници. Им недостасуваат функции на кои навикнале благодарение на апликациите кои константно еволуираат во рамките на паметните телефони. Токму поради тоа Google го усвои RCS протоколот на испраќање пораки, кој би требало да го замени досегашниот SMS/MMS стандард.
RCS донесува низа промени и бројот на карактери во рамките на една порака ќе биде ограничен на осум илјади (за разлика од SMS пораките каде е 160), корисникот кој ја чека пораката ќе може да види кога оној со кој комуницира почнува да пишува (како кај многуте апликации за разменување пораки), сите апликации за комуникација ќе бидат синхронизирани, пораките ќе се испраќаат и со помош на Wi-Fi и мобилна конекција, а тука се и групните разговори, аудио пораки и end-to-end енкрипцијата. Иако овие опции изгледаат како стандардна понуда во рамките на било која апликација, сепак се работи за значајно унапредување во однос на SMS пораките, и модерните опции ќе пристигнат на нешто што денес се смета за прастар формат за комункација.
Hi everyone! RCS is now available to all users in US as of Monday. Make sure to update both Messages and Carrier Services.
— Sanaz (@sanazahari) December 12, 2019