Откако во изминатите денови се појавија информации дека Windows 10 ги снима податоци од историјата на активности и ги испраќа на Microsoft, компанијата ова го демантираше, велејќи дека нема потреба од паника, бидејќи не постои повреда на приватноста.

Компанијата наведува дека дел од Activity History секцијата во Microsoft, преку Microsoft Account Privacy Dashboard ги групира сите апликации и услуги на Microsoft, а не само од Windows 10.

Од друга страна, историјата на активности за Windows 10 се однесува само на компјутерот што се користи. Со други зборови, дури и кога ќе ја исклучите функцијата на Windows 10, историјата на активноста на делот за Microsoft Account ќе продолжи да собери информации, од едноставна причина што има многу повеќе извори.

Microsoft вели дека Windows 10 не собира информации без дозвола на корисниците, и дека Activity History подесувањата во Settings не се игнорирани.