Компанијата Google денес потврди дека во неделата дошло до повремени прекини на сервисот поради загушување на мрежата, поради што некое време не работеле социјалните мрежи Snapchat, YouTube и Google.

Од компанијата наведуваат дека во тек е истрагата за тоа што би можело да го предизвика настанувањето на проблемот, пренесува Guardian.

Во текот на траењето на проблемот, социјалните мрежи не им биле достапни на корисниците или работеле бавно, а најголемо ниво на загушување на мрежата имало во САД.

Компанијата Google го идентификувала проблемот на Google Cloud, наведувајќи дека корисниците биле сведоци на бавни перформанси или грешки кои се повторуваат во текот на траењето на проблемите.

“Нашиот тим од инженери ја заврши првата фаза на намалување на проблемот и сега работи на втората фаза, по која очекуваме се да се врати во нормала”, порачале од компанијата.