Постојат два проекти за Linux смартфони, а еден од нив неодамна беше објавен. Purism Librem 5 изгледа како уникатен модел, кој е креиран целосно во САД. Секоја компонента е изработена во Америка, но и покрај тоа добивате уред фокусиран на безбедноста и приватноста.
Друга карактеристика на Purism Librem 5 е неговата цена. Неговата цена изнесува 1999 долари, колку и флексибилниот модел на Samsung – Galaxy Fold.
Компанијата која стои зад Purism Librem ветува дека смартфонот ќе биде достапен во третиот квартал на 2020. година, но многумина се сомневаат дека овој краток рок ќе може да се испочитува. Покрај „американскиот“ модел, телефонот ќе има и поевтина стандардна верзија, чија премиера еднаш веќе беше одложена.
Да се одвојат 2000 долари за таков уред, не само што е ризична инвестиција, туку е и огромен кредит на доверба за самата компанија, која ја опишуваат како неорганизирана и со внатрешни проблеми.