Компанијата Habana Labs има седиште во Израел, а специјализирана е за „deep learning“ акцелерацискиот хардвер. Компанијата минатата година собра 75 милиони долари од инвеститорите, а сега Intel ја купува за да го засили својот AI бизнис.
Моментно, се прогнозира дека пазарот на вештачка интелигенција ќе вреди над 24 милијарди долари до 2024. година, а Intel очекува дека во текот на 2019. година од AI бизнисот ќе заработи 3,5 милијарди долари.
Како дел од објавата, генералниот менаџер на Intel за Data Platforms Group, Navin Shenoу истакна: „Оваа аквизиција ја засдилува нашата AI стратегија, која се состои во тоа на корисниците да им обезбедиме решенија кои ќе им одговараат на сите перформанси кои им се потребни – од интелигентните уреди до центри за податоци“.
Иако Habana Labs сега ќе биде под покровителство на Intel, компанијата ќе го задржи одделението со независно работење и ќе продолжи да ја води актуелниот тим менаџери. Меѓутоа, ќе има пристап во AI решенијата на Intel и ресурсите кои ќе се користат во развојот на новите платформи.