Samsung веќе со години објавува телефони од својата Xcover серија отпорни уреди. Следниот модел во линијата е во подготовка, а уредот со ознака SM-G715F е забележан на Wi-Fi сертификација. Се очекува овој модел да го носи името Galaxy Xcover Pro.

Според Wi-Fi Alliance документацијата, Galaxy Xcover Pro би требало да има две верзии – SM-G715FN за Европа и SM-G715D глобално. Двата модела ќе го користат Android 10 оперативниот систем и ќе поддржуваат 2.4GHz и 5GHz Wi-Fi.

Ова се информации од Wi-Fi сертификатот, кои засега се познати за телефонот. Моделот SM-G715FN е забележан и на Geekbench, кој открива Exynos 9611 чипсет @1.74GHz и 4GB RAM.

Тоа значи дека Galaxy Xcover Pro ќе биде уште еден модел од средниот сегмент, а „Pro“ во името на уредот означува дека им е наменет на професионалните корисници. Судејќи според претходните модели, се очекуваат и MIL-STD-810G и IP68 сертификати.