Сурфањето на интернет преку VR кацига се уште е нов концепт, но се очекува во иднина да биде се попопуларен. Затоа Mozilla претстави апдејт за својот Firefox Reality браузер, кој ќе овозможува полесна и поедноставна размена на веб содржини помеѓу компјутер, телефон и таблет од една страна и VR уред од друга.
Firefox Reality е веб браузер за употреба во самостојните VR и AR кациги. Новиот апдејт овозможува негова синхронизација со сметките на Firefox. Тоа значи дека корисникот може директно од компјутер или телефон да испрати одреден таб на кацигата. Тоа е корисно ако при сурфање би се наишло на некоја 3D содржина. Со кликање на опцијата „Send to device“ која се наоѓа во drop down менито на Firefox Address Bar, тој ќе биде проследен на кацигата. Во VR или AR опкружувањето во Firefox Reality програмата се наоѓа копче кое ја прикажува листата на снимени табови, кои можат оттаму директно да се отворат. Дозволена е и обратната варијанта – испраќање на таб од VR уредот на другите уреди.
Поврзани артикли