Неодамна IDC објави дека компанијата Apple доминира на полето на носечки уреди глобално, а ова посебно се однесува на , категоријата слушалки, каде AirPods имаат голема популарност. Сега новиот извештај на аналитичката компанија Canalys, кој се фокусира само на паметните алки, сугерира дека дека пазарот на фитнес нараквици, паметни часовници и фитнес тракери остварило вкупен раст на испорака од 65 проценти на глобално ниво, заклучно со третиот квартал.

Во текот на споменатиот период, Xiaomi оствари најголема испорака во оваа категорија на глобално ниво. Кинеската компанија испорачала 12,2 милиони уреди со годишен раст од 74,4 проценти и има 27 одсто пазарно учество. На второто место се наоѓа Apple со 15 проценти пазарен удел, а за 60 проценти на испорака на компанијата е задолжен најновиот Apple Watch Series 5.

Huawei се најде на третото место со 5,9 милиони испорачани уреди и пазарен удел од 13 проценти. Компанијата забележала годишен раст од 243 проценти, благодарение на продажбата во Кина. Fitbit забележал најмал раст, но го држи четвртото место, додека Samsung е петти најмногу благодарение на достапниот Galaxy Fit тракер.