Компанијата која произведува часовници, Citizen ја шири својата помалку позната линија часовници со два нови модела, кои го поддржуваат гласовниот асистент на Amazon, Alexa.

Како моделот Echo Wall Clock, Citizen часовникот е дел од “Works with Alexa” програмата. Тоа не значи дека хардвер за овој дигитален асистент, како микрофон или звучник. Наместо тоа, би требало да биде поврзан со Alexa на тој начин да го прикажува времето кое е преостанато да извршите одредена работа, со осветлување на кругот на часовникот. Овој часовник доаѓа во два модела. Еден со метална рамка на часовникот кој чини 79.99 долари и еден во дрвена рамка со цена од 89.99 долари. Тоа е сепак многу повеќе отколлку обичниот часовник на Amazon од 29.99 долари.

За разлика од Citizen часовнивите, кои се познати по своите соларни часовници со Eco Drive движења и на кои не им требаат батерии – на паметните часовници на Citizen, сепак, им требаат.