Приказната за аурора почнува на Сонцето. Тоа се однесува како една огромна електрана, при што енергијата се создава длабоко во неговото јадро, во кое температурата достигнува и повеќе од 14 милиони Целзиусови степени. Притисокот е огромен.
Оваа нуклеарна активност испушта енергија, а светлината од самото јадро оди надвор. Истовремено, топлината исто така оди нанадвор, а овие електрични струења на гасот создаваат магнетни полиња во Сонцето.
Во некои случаи посилните магнетни полиња успеваат да се пробијат низ површината, која потоа се лади, па се појавуваат темни сончеви дамки. Електричниот набиен гас – плазмата го повлекува магнетното поле уште понадвор, па тоа се истегнува и превртува, како гума, за на крај да пукне.
Неколку милијарди тони бранови плазма се одделуваат од Сонцето и тоа се нарекува Сончев ветар. Тој ветар може да достигне брзина и од 8 милиони километри на час и по шест часа да помине покрај Меркур, а по 12 и покрај Венера. По 18 часа стигнува до Земјата, каде што се случува нешто чудно.
Невидливиот штит – Земјиното магнетно поле, го одбива Сончевиот ветар. Магнетните полиња се збиваат заедно и прават збрка, па гасот влегува низ дневните страни на магнетното поле и настанува дневната аурора.
Потоа магнетните полиња се извиваат наназад и се спојуваат, но магнетните „гуми“ се расцепуваат, па гасот од Сончевиот ветар прострујува назад кон половите на Земјата, кои потоа ја создаваат ноќната аурора.
Извор: National Geographic.rs