Елон Маск, првиот човек на компанијата SpaceX, верува дека неговиот тим ќе може да “слета ” со вселенскиот брод на површината на Месечината на почетокот на 2021 година, а по година-две да оствари „Месечева мисија“ со екипаж на бродот.

„Звучи чудно, но мислам дека можеме да слетаме на Месечината за помалку од две години”, Вели Маск во едно неодамнешно интервју за „Time Magazine“. Станува збор за слетување на беспилотни бродови, посочи тој.

Според Маск, испраќањето луѓе на Месечината на SpaceX ќе биде можно уште во 2023 година, една година пред НАСА да го спроведе својот план за првата лунарна мисија со жена во рамките на новата програма „Артемида“.